• четврток, 09 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Петрушевски: Пожарите се подметнуваат намерно, а СДС се сити и се обидува да печали политички поени

Петрушевски: Пожарите се подметнуваат намерно, а СДС се сити и се обидува да печали политички поени

Скопје, 10 јули 2025 

Пожарите се подметнуваат намерно, а СДС се сити и се обидува да печали политички поени.

На неколку локации каде се локализирани пожари и во Скопско и низ државата се забележани гуми  кои се фрлани со цел да се распламти и разгори пожарот. На одредени места пронајдени се и ракавици, а пред два дена во Чучер Сандево и дрва потопени во бензин.

Очигледно е дека како еден пожар се гаси, друг некаде веднаш се пали.

Институциите на системот макотрпно работат и ги гасат и локализираат пожарите секој ден. Од друга страна некој во државата сака истата да ја пеплоса.

Според информациите кои ги имаме, а ги објавија и институциите, одредени лица се веќе под истрага, а едно лице е лишено и од слобода.

И додека институциите се борат да ја заштитат секоја педа земја, СДС тера политика и се обидува да ќари некој политички поен.

Чудна е поврзаноста на пожарите и брзината на СДС да изреагира.

Народот многу добро гледа СДС што прави, и за тоа следува казна на изборите.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ 

______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото ВМРО-ДПМНЕ

 

Остани поврзан