• среда, 27 ноември 2024

Петрушевски:Во Национални шуми се издавани испратници за исечено дрно без воспоставен регистар, сметководствена евиденција и контрола

Петрушевски:Во Национални шуми се издавани испратници за исечено дрно без воспоставен регистар, сметководствена евиденција и контрола

Скопје, 9 октомври 2024

 

ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ ОД ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

ГОВОРНИК: Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Владата на СДС и ДУИ и нивните кадри во Национални шуми го уништиле ова претпријатие.

Седум години Национални шуми тоне во долгови, а е прептријатие кое продуцира вредност и може да биде не само себе одржливо, туку и да генерира извесен приход за буџетот.

Државниот Завод за Ревизија во извештајот за работата на МЗШВ за 2021 година изготвен во 2023 година констатира дека се вршело издавање на испратници за исечено дрво без воспоставен регистар, сметководствена евиденција и контрола.

ДЗР практично кажува дека не се знаело кој сече, колку и кога, ниту кој плаќа.

Со СДС и ДУИ во Национални шуми ова претпријатие дошло до состојба да нема плати да се поделат на вработените.

Неспособноста заврши со нив. 100% одговорно за твојата иднина.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан