• петок, 05 декември 2025

Петрушевска: Македонија е целосно посветена на реформската агенда

Петрушевска: Македонија е целосно посветена на реформската агенда

Скопје, 21 ноември 2025

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Петрушевска во гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија, истакна дека Форумот во Тирана испраќа силна и јасна порака за важноста на заедничкиот реформски процес на земјите од Западен Балкан, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ кое МИА ви го пренесува интегрално.

-Форумот во Тирана испраќа една многу важна порака, а тоа е дека заедно на масата со еврокомесарката Кос, лидерите од Западен Балкан разговараа за реформскиот процес којшто треба да помогне во придвижување на евроинтегративниот процес на целиот Западен Балкан, вели Петрушевска.

Петрушевска посочи дека реформската агенда не треба да се сфаќа како обична чек листа, туку како квалитативен напредок кој ќе донесе подобар животен стандард и ќе го унапреди процесот на евроинтеграција.

-Реформската агенда не треба да претставува само една чек листа, треба да значи квалитативен, не само квантитативен исчекор напред во однос на поквалитетен животен стандард, но истовремено и унапредување на процесот на евроинтеграција“, истакна Петрушевска.

Петрушевска додаде дека остануваме целосно посветени на исполнување на реформската агенда, со цел забрзување на реформските процеси кој се важни за државата и за европскиот пат.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан