• понеделник, 16 декември 2024

Петров од трибината "Агенда - Дигитализација 20-24": Време е за модерна технолигија

Петров од трибината

Скопје, 24 јануари 2020

"Многумина велат дека сме го фатиле последниот воз за дигитализација. Но, не е тоа што е важно, важно е дали имаме желба и капацитети да управуваме со тој воз", рече потпредседателот на СДСМ и основач на Пи Ворлд, Коста Петров на вечерашната програмска трибина "Агенда 20-24" посветена на дигитализацијата на којашто говорници се министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, претседателот на комисијата за информатичко општество на СДСМ, Методија Димовски и експертите Стефан Митевски, основач на "System for Enterprise" и Маријана Нешкова, проект менаџер на Sorix.

На трибината се разви и поширока дебата со многубројната публика која беше заинтересирана за новите концепти кои ќе бидат дел од „Агенда 20-24“ а преку истите граѓаните ќе може да добијат брзи и квалитетни услуги согласно светските трендови и стандарди.

Граѓаните мора да добијат дигитализација и конечно да се стави крај на чекањето пред шалтери. Сите лични документи граѓаните треба да ги имаат на својот мобилен телефон и личната карта, здравствената книшка, да заминат во историјата, заклучи Петров.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ___________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан