• четврток, 26 декември 2024

Петровска: Пријавете се на Конкурсот за стипендирање студенти од критичните специјалности за потребите на Армијата

Петровска: Пријавете се на Конкурсот за стипендирање студенти од критичните специјалности за потребите на Армијата

Скопје, 8 ноември 2023 (МИА) - Министерката за одбрана Славјанка Петровска во видео порака до студентите им порача дека тие се иднината на земјата и дека треба да ја искористат можноста и да се пријават на Конкурсот за стипендирање студенти од критичните специјалности за потребите на Армијата.

-Во младите е иднината! – не е само мисла која треба да остане запишана. Тоа е идеал кој го остваруваме. Се грижиме за младите кои ни се потребни за да можеме и во иднина да ја гарантираме одбраната на нашата држава. Навремено планираме и создаваме механизми за поддршка токму на младите, вели Петревска.

Со Конкурсот објавен на 3 ноември, Министерството нуди можност за стипендирање на студенти кои се образуваат во области кои се критична специјалност за Армијата, со средства во висина од 30 до 80 проценти од просечната плата во државата во зависност од студиската година, а по завршувањето на образованието, тие ќе бидат во редовен работен однос во Министерството.

Конкурсот е отворен за студентите во следните специјалности: систем инженери за информатичка технологија, систем инженери за база на податоци, инженер за ИТ безбедност, геопросторна поддршка, геодезија, геотехничко инженерство, географско – информационен систем, метеорологија, доктор на медицина, РТГ техничар, конструкција, мотор и системи на воздухоплови, инструменти, радиорадарска и електроопрема на воздухоплови.

- Свесни дека поддршката додека студирате е најважна, Министерството за одбрана и македонската Армија ги отворија вратите за вас. Ве повикувам да се пријавите на конкурсот, рече министерката во видео – пораката. дма/бак/

Фото/видео: Министество за одбрана

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан