• вторник, 19 ноември 2024

Петровска: СДСМ има идеја и концепт како да ја води државата напред, а не назад во повторна изолација

Петровска: СДСМ има идеја и концепт како да ја води државата напред, а не назад во повторна изолација

29 март 2024 

СДСМ во овие седум години по доаѓањето на власт во 2017 година, откако претходеше еден тежок период на режимско владеење на ДПМНЕ, се соочи со сериозни предизвици за враќање на државата во нормала, која беше буквално разрушена. Не беа лесни сите реформски зафати и политики, креирање, но тие ќе бидат и подобри во следниот мандат и затоа излегуваме на овие избори не само со листи, не само со програма, туку и со цела една идеја и концепт, рече министерката за одбрана, Славјанка Петровска во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24.


Петровска потенцираше дека граѓаните се свесни за тоа кој концепт е прогресивен и ветува дека ќе ја води државата напред, и кој концепт повторно се обидува да не врати назад, во едни стари времиња на изолација, кога бевме затворени сами со себе, како што беше во времето на ДПМНЕ.


Таа се осврна и на анкетите, за кои рече дека, едно се покажува на анкетите, но сосема е друга ситуацијата на терен, кога се разговара со граѓаните.


„Јас би поставила едно многу едноставно прашање, за тие анкети, според кои ДПМНЕ води 2 или 3:1. Ако е така, зошто на првата активност која како политички партии ја имавме, а тоа е собирањето на потписи за поддршка на претседателските кандидати, зошто ДПМНЕ комплетно потфрли и до ден денес не го даде одговорот каде се изгубија според нив 28.000 потписи кои ги собраа како поддршка на Силјановска. И тие потписи не беа доставени до ДИК. Се изгубија некаде? Да го соберете членството, да мотивирате симпатизери и на крајот само да одите со потписите од пратеници, е тоа е крајно нечесно кон граѓаните“, рече Петровска 


Министерката за одбрана се осврна и на зачленувањето на нашата држава во НАТО алијансата и сè што досега е направено во поглед на Преспанскиот договор, велејќи дека е една од најмудрите инвестиции и одлуки кои државата ги има донесено во вистинско време.


„Сметам дека граѓаните се свесни за тежината на тоа дека ние сме во НАТО и голем дел од нив сметаат дека не треба да отстапиме од тој сојуз, затоа што НАТО се смета како гаранција за нашата безбедност и стабилност.“ 


Во однос на прашањето на ЕУ,  Петровска потенцираше дека тука нема разединување.


„И во поглед на бројноста или окрупнувањето на фронтовите или коалициите, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски потпиша коалиција со нашите досегашни коалициски партнери, зборам во коалицијата на СДСМ, која по бројност ако гледаме ќе сфатиме дека е побројна од оние коишто се, формално во т.н Европски фронт“. СДСМ има јасен концепт и идеја каде сака да ја носите државата“, рече Петревска.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

_______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: МИА архива 

 

Остани поврзан