• сабота, 28 декември 2024

Петровска: Организацијата на резервни офицери е пример и промотор на евроатлантските вредности

Петровска: Организацијата на резервни офицери е пример и промотор на евроатлантските вредности
Скопје, 29 април 2022 (МИА) - Ослободени сме од дневните етнички, партиски, соседски, медиумски и друг вид на притисоци. Заедно, Министерството за одбрана со вас како организација работиме за доближување, остварување и интегрирање, а не за изолирање на евроатлантските интереси на државата. Тоа го правиме со постојано балансирање и толерирање на наднационална, надетничка, надпартиска активност со едноставна цел за справување со секојдневните предизвици во работењето, со постојана грижа за безбедноста, мирот и одбраната на граѓаните од сите видови на загрозување и секако остварување на нивните слободи и права. Ова вечерва го соопшти министерката за одбрана Славјанка Петровска на свечената академија по повод 70 години од основањето на Организацијата на резервни офицери на Република Северна Македонија. -И затоа во Армијата се вклучени сите заедници, обединети во едно, се со цел да се гради вистински патриотизам. Најсигурниот начин да се обезбедиме од опасностите од конфликтите е со нашата колективна сплотеност по сите прашања и во сите нешта што се однесуваат на секојдневниот живот од економската, политичката, воената и сите останати општествени сфери од живеењето, рече министерката за одбрана.  Петровска потсети на формирањето на Здружението на резервни офицери на Македонија, на развојните фази низ кои поминала денешната Организација на резервни офицери. -Денес резервните офицери ги реализираат НАТО-плановите за помалите држави да имаат помала, но поефикасна воена сила и да има се поголема цивилна контрола на војската зошто и нашата општествена улога е воена, но повеќе е и цивилна со секојдневно извршување на цивилните професии во граѓанското општество, рече Петровска. Додаде дека дејствувањето на резервните офицери како организација секогаш е обединувачко. Петровска нагласи дека Организацијата на резервни офицери е пример за модерно дејстување и промотор на евроатлантските вредности и современото разбирање за улогата во општество. Посочи на улогата на резервните офицери кои, како што рече, се цврста врска, мост меѓу военото и цивилното, покрај военото искуство, резервните офицери даваат голем придонес и со нивната цивилна стручност и професија. Министерката Петровска изрази сочуство до семејството и колегите на прерано починатиот Тони Петрески од Министерствотото за одбрана.   На свечената академија јубилејни плакети од Организацијата добија претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на ГШ на Армијата Васко Ѓурчиновски...мд/дма/

Остани поврзан