• понеделник, 23 декември 2024

Петрова: Сметководителите се значајна алка во системот за собирање на јавните приходи

Петрова: Сметководителите се значајна алка во системот за собирање на јавните приходи

Гостивар, 27 февруари 2024 (МИА) - Елена Петрова, дополнителен заменик министер за финансии, при посетата на Гостивар имаше средба со сметководителите од гостиварско и ја посети подрачната единица на Управата за имотно правни работи.

На средбата со овластените сметководители од Гостивар се разговарало за теми и прашања поврзани директно со нивната работа како  функционирањето на ИТ системите на УЈП за поднесување на даночни пријави, цените и соработка со Централен регистар при поднесување на завршните сметки.

Според дополнителниот заменик министер Петрова, сметководителите се значајна алка во системот за собирање на јавните приходи, за правилно толкување и спроведување на даночните закони, за точно и навремено плаќање на даночните обврски.

- Тие се врска меѓу УЈП и даночните обврзници. За да постои висока даночна усогласеност, УЈП мора да биде сигурна дека советите и услугите што ги даваат сметководителите се кредибилни. УЈП треба да ги креира даночните системи, платформи и услуги слушајќи ги искуствата и советите на сметководителите, рече Петрова.

Меѓу темите на средбата биле и состојбите во нивната фела, цените на нивните услуги и нелојалната конкуренција, старосната структура, соработката и заштитата на личните податоци ISOS.

Дополнителниот заменик министер за финансии Петрова посочи дека во новата Влада што, како што истакна, ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ, од првиот ден ќе се делува во насока на поголема кооперативност и соработка помеѓу сите засегнати страни. згм/сст/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан