• сабота, 23 ноември 2024

Петра Дрекслер за извештајот на ЕК: Северна Македонија треба да работи на владеење на правото и борба против корупцијата

Петра Дрекслер за извештајот на ЕК: Северна Македонија треба да работи на владеење на правото и борба против корупцијата

Битола, 10 ноември 2023 (МИА) - Северна Македонија во иднина треба да постигне подобри резултати во делот на владеење на правото и борбата против корупцијата, изјави амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава, Петра Дрекслер.

Според амбасадорката Дрекслер, низ Извештајот на Европската Комисија е добра основа за идните преговори со ЕУ.

- Извештајот за Северна Македонија е многу  важен и значаен бидејќи преку него се мери напредокот во различни области. Извештајот претставува добра основа за дискусија, добра основа за идните преговори и покажува во кои области што е постигнато, и во кои области во иднина што треба да се постигне. Тука ќе ги спомнам владеењето на правото и борбата против корупцијата, рече амбасадорката Дрекслер при денешната посета на Битола. мт/са/

Фото: МИА

Остани поврзан