• среда, 25 декември 2024

Петнаесет мигранти од Тунис исчезнаа во бродолом во Средоземното Море

Петнаесет мигранти од Тунис исчезнаа во бродолом во Средоземното Море

Тунис, 19 април 2023 (МИА) - Петнаесет мигранти од Тунис исчезнаа по потонувањето на бродот што илегално ги превезуваше преку Средоземното Море до брегот на Европа, соопшти денеска крајбрежната стража.

Бродот кој тргнал од источниот брег на Тунис превезувал вкупно 19 мигранти, а само четворица биле спасени од рибар по бродоломот во ноќта кон вторникот, додека 15 се водат како исчезнати, а потрагата продолжува.

Тунис, чие крајбрежје е на помалку од 150 километри од италијанскиот остров Лампедуза, редовно бележи обиди на мигранти да заминат за Италија, главно од субсахарска Африка.

Минатата недела 32 мигранти се удавија при обид на тој опасен премин.

Длабоката политичка и економска криза во Тунис наведува многу нејзини граѓани да се обидат да ги ризикуваат своите животи за илегално да стигнат до Европа по морски пат. ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан