• вторник, 24 декември 2024

Петмина осомничени за фалсификување пари во Куманово

Петмина осомничени за фалсификување пари во Куманово

Скопје, 10 март 2024 (МИА) - Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против пет лица, од кои две се осомничени дека сториле продолжено кривично дело „фалсификување пари“ од член 268 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, додека останатите со умисла им помогнале да го извршат делото.

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, осомничените, четворица жители на Скопје и една жителка на Крива Паланка, сите на возраст меѓу 19 и 34 години, за сума од 18.000 денари набавиле девет фалсификувани банкноти од по 100 евра од лице од Скопје.

Потоа, во пет наврати во Куманово и еднаш во Крива Паланка, во различни правни субјекти купувале производи и услуги со фалсификуваните банкноти. Набавувале храна, алати, но и изнајмувале соби, со што се стекнале со противправна имотна корист.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор за осомничените. дма/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан