• сабота, 23 ноември 2024

Петмина морнари обвинети за објавување видео снимка од пад на американски борбен авион

Петмина морнари обвинети за објавување видео снимка од пад на американски борбен авион
Вашингтон, 21 февруари 2022 (МИА) - Американската морнарица обвини петмина морнари дека во јануари објавиле контроверзна видео снимка на која се гледа пад на американски борбен авион Ф-35. Видеото го прикажува моментот кога скапиот авион се запалил и паднал во морето при неуспешното слетување на носачот на авиони. „Истрагата за неовластено објавување видео од бродот е завршена“, изјави портпаролот на воздухопловните сили Зек Харел. Инцидентот се случи на 24 јануари, кога авион на американската морнарица Ф-35Ц не успеа правилно да слета на палубата, по што падна во морето од носачот УСС Карл Винсон на неоткриена локација во Јужното Кинеско Море.
Шестмина морнари беа повредени, а пилотот успеа безбедно да се катапултира. Портпаролот на морнарицата изјави за УСНИ Њус дека протекувањето на последната снимка е проблематично бидејќи станува збор за „државен документ објавен без соодветно чистење“, додека другите се третираат поинаку бидејќи се направени „со личен уред“. Најновиот американски воен повеќенаменски ловец Ф-35, вреден околу 100 милиони долари, покажа голем број проблеми, вклучително и доцнење во развојот, пречекорувања на трошоците и дефекти на опремата, наведува порталот Геополитика. паг/  

Остани поврзан