Петмина Курди осудени на смрт за учество во протестот „Жена, живот, слобода“ во Иран во 2022 година
- Организацијата за човекови права наведува дека осум други лица поврзани со истиот случај се осудени на затворски и парични казни.
Техеран, 7 јули 2025 (МИА) – Петмина Курди, кои беа уапсени за време на протестите во 2022 година во Иран, денеска се осудени на смрт, а пресудата ја донесе Револуционерниот суд во градот Урмија, објави Курдистанската мрежа за човекови права (KHRN)
Според организацијата, Али Гасеми, Пеџман Солтани, Кавех Салехи, Резгар Бејкзаде Бабамири и Тифур Салими Бабамири беа уапсени за учество во демонстрации во градовите Букан и Банех за време на протестот „Жена, живот, слобода“, кој избувна по смртта на 22-годишна жена во полициски притвор.
Организацијата за човекови права наведува дека осум други лица поврзани со истиот случај се осудени на затворски и парични казни.
KHRN тврди дека пресудите се донесени исклучиво врз основа на извештаи од Министерството за разузнавање и признанија изнудени за време на притворот, без независни или поткрепувачки докази на судењето.
Организацијата наведува дека обвинетите биле приведени во април и мај 2023 година и биле сместени во притворската единица на разузнавачката служба во Урмија, каде што им била одбиена правна помош за време на поголемиот дел од постапката пред судењето.сд/
фото:ЕПА