• среда, 25 декември 2024

Петков: Преодната влада на Бугарија не треба да го испушти течниот гас

Петков: Преодната влада на Бугарија не треба да го испушти течниот гас
Софија, 28 август 2022 (МИА) - Привремената влада на Бугарија не треба да ги пропушти тендерите за местата каде што се истоваруваат цистерни со течен гас, изјави за БНТ поранешниот премиер Кирил Петков. Според него, тендерите ќе се одржат во септември и се за цела наредна година, јави дописникот на МИА од Софија. Кирил Петков информира дека имал телефонски разговор со министерот за енергетика на Грција, кој му рекол дека очекува поинтензивни разговори со бугарската влада, но тие не се случиле. Петков рече дека седумте бродови со американски течен гас се по многу добра цена и додаде дека е збунет зошто привремената влада на Бугарија не ги искористила и избрала да земе само еден брод. Во однос на идејата на Слави Трифонов за воведување претседателска република во Бугарија., Петков рече дека „секое шоу има свое време“. „Шоуто што Слави Трифонов се обидува да му го проектира на бугарскиот народ е веќе од старата сезона. Слави и неговите идеи мора да останат во минатото“, рече Петков.                   Ивајло Мирчев од „Демократска Бугарија“ за БНТ изјави дека не е добро Бугарија да купува од „Газпром“ со оглед на идната арбитража. Според него, „Газпром“ не е доверлив снабдувач со енергија, „кој Владимир Путин го користи како инструмент за изнудување на Европа“. „Привремената влада на Бугарија следеше план во кој последниот чекор беше земјата да се сврти кон Газпром. Во моментов нема напредок во разговорите со Турција за транспорт и трансфер на течен гас“, рече Мирчев. Според него, Терминалот за течен гас во Грција, Ревитуза, има двоен капацитет, „што е многу важно“. „Преодната влада на Бугарија требаше да ги договори местата за истовар на седумте бродови со течен гас“, рече Мирчев и додаде дека во моментов има можности за тоа. Мирчев рече дека преодната влада не го штити националниот интерес на Бугарија посочувајќи на примерот на одбивање на шесте бродови со течен гас. нк/паг/  

Остани поврзан