• понеделник, 23 декември 2024

Петковиќ: Курти е единствен виновник за неуспех на преговорите, тоа и Борел го потврди

Петковиќ: Курти е единствен виновник за неуспех на преговорите, тоа и Борел го потврди

Белград, 18 септември 2023 (МИА) - Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија во Владата на Србија, Петар Петковиќ, денеска изјави дека „премиерот на привремените институции на Приштина, Албин Курти“, со тоа што рекол дека не сака ни да започне со изработка на статутот за Заедницата на српски општини (ЗСО), јасно се изјаснил, така што секој може да види дека тој е оној кој не сака никакви преговори, дијалог и компромиси, јави дописникот на МИА од Белград.

Петковиќ реагирајќи на денешните изјави на косовскиот премиер за неуспехот на последниот дијалог во Брисел, на прес-конференција рече дека сè што прави Курти, прави за да го прикрие фактот што во Брисел високиот комесар на ЕУ, Јосеп Борел, јасно кажал дека единствен виновник за неуспешните преговори е Приштина, која одбива да ја спроведе ЗСО повеќе од 10 години.

-Никој не бара од него да даде ЗСО, бидејќи вели дека не може да даде кафе без шолја. Преговорите не се пиење кафе. Курти им го загорчи животот на Србите во Косово што не сакаат да го видат, а камоли со него да пијат кафе, освен Рашиќ, кој премина на негова страна, рече Петковиќ.

Според него, Курти не сака ЗСО, не сака да зборува ниту за деескалација.

-Вучиќ очигледно е подготвен за компромис, дијалог, бидејќи тоа е единствениот начин да се заштити српскиот народ на Косово и Метохија. Од 3 јуни, кога ЕУ побара итна деескалација, имавме 22 ескалирачки потези на Приштина против Србите во Косово. Курти наместо да слуша што бара ЕУ во соопштенеито од 3 јуни, да се повлече косовската полиција, да се влезе во процедури за одржување избори и да се почне со формирање на ЗСО, Курти не ни помислува да оди во таа насока, изјави Петковиќ. об/сд/

Остани поврзан