• петок, 05 декември 2025

Петер Сијарто: Само патриотска Влада може да ја спаси Унгарија од војната во Украина

Петер Сијарто: Само патриотска Влада може да ја спаси Унгарија од војната во Украина

Будимпешта, 15 ноември 2025 (МИА) - Само патриотската влада може да ја спаси Унгарија од војната во Украина, од нелегалната миграција и етничките идеологии, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Сијарто предупреди дека унгарската опозиција ќе „ја предаде Унгарија на Брисел“.

„Брисел сака ситуацијата да се влоши, војната да трае уште подолго и да ескалира понатаму. Не им е грижа што илјадници, десетици илјади луѓе се на фронтот и што милиони се принудени да ги напуштат своите домови. Не им е грижа што малку по малку целата земја е уништена. Не им е грижа што секој нов ден е ризик од трета светска војна“, рече Сијарто. зш/

Остани поврзан