• петок, 05 декември 2025

Песната „Параходот“ го најавува јубилејниот концерт „40 години Горан Таневски"

Песната „Параходот“ го најавува јубилејниот концерт „40 години Горан Таневски

Скопје, 4 декември 2025 (МИА) - Песната „Параходот“ е втората којашто го најавува јубилејниот концерт „40 години Горан Таневски"  и воедно најава за албумот што следи, насловен како „More" ('Повеќе').

Како гости на изведбата песната „Параходот“ е истата екипа како и на „40 години девојка од бронза". Музичарите кои ќе го изнесат концертот се: Александар Таушанов - гитара („Троја“), Тодор Стефанов - бас („Троја“), Зоран Павлов - гитара и Дејан Јефремов - тапани. Како гости на концертот ќе се појават: Перо Стефановски („Санаториум“), Александар Стефановски („Конспираси“) и Гордана Котевска.

Концертот ќе се оддржи на 20 декември 2025 во МКЦ со почеток од 20:30. Влезници можат да се купат преку МК-тикетс и нивните продажни пунктови.  си/

Фото: Јутјуб

Остани поврзан