• понеделник, 23 декември 2024

Песков: Одлуката на Србија да купи француски борбени авиони „Рафал“ е нејзин слободен избор

Песков: Одлуката на Србија да купи француски борбени авиони „Рафал“ е нејзин слободен избор

Москва, 30 август 2024 (МИА) - Одлуката на Србија да купи француски борбени авиони „Рафал“ е нејзин слободен избор, изјави денеска во Москва, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Одлуката за купување на 12 француски ловци „Рафал“ е слободен избор на Србија. Тоа е избор на нашите српски пријатели. Секоја земја се води од економски и други анализи при донесувањето на таквите одлуки“, рече Песков.

За време на посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Србија, потпишан е договор за продажба на 12 нови повеќенаменски борбени авиони „Рафал“ на Србија за 2,7 милијарди евра. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан