Песков: Изјавата на Бајден за Путин е „неприфатлива и непростлива реторика“
- Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека окарактеризирањето на рускиот претседател Владимир Путин како „воен злосторник“ од страна на американскиот претседател Џо Бајден е „не

Москва, 16 март 2022 (МИА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека окарактеризирањето на рускиот претседател Владимир Путин како „воен злосторник“ од страна на американскиот претседател Џо Бајден е „неприфатлива и непростлива реторика“.
Бајден денеска во Вашингтон изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е „воен злосторник“ поради инвазијата што ја започна врз Украина. Тоа е прва таква квалификација од Бајден за Путин откако Русија почна со инвазија врз Украина. паг/