• среда, 25 декември 2024

Перуанскиот Конгрес изгласа отповикување на претседателот Вискара поради обвинение за корупција

Перуанскиот Конгрес изгласа отповикување на претседателот Вискара поради обвинение за корупција
Лима, 10 ноември 2020 (МИА) - Перуанскиот Конгрес гласаше за отповикување на претседателот Мартин Вискара под обвинение за корупција, скоро два месеца откако беше одбиено првото барање за отповикување. Тој рече дека ќе ја прифати таква одлука.
По расправата, Конгресот, во кој опозицијата има мнозинство, успеа да ги собере потребните 87 гласови за да се гласа за отповикување.
Отповикувањето на Вискара беше иницирано откако медиумите објавија дека претседателот наводно примил мито од околу 530.000 американски долари од две компании кои добиле тендери за јавни работи додека бил гувернер на покраината Мокегуа на југот на земјата.
Вискара ги одби овие обвинувања како неосновани и лажни.
Пред гласањето тој предупреди дека последиците од неговото повлекување може да бидат непредвидливи, имајќи предвид дека на 11 април се закажани претседателски избори на кои тој не може да се кандидира.
Претседателот на Конгресот, Мануел Мерино, член на малцинската партија, сега ќе ја извршува функцијата претседател до крајот на јули следната година, кога истекува мандатот на Вискара.
По гласањето, Вискара рече дека ќе ја прифати одлуката на Конгресот и дека денеска ќе ја напушти претседателската палата. паг/

Остани поврзан