• среда, 27 ноември 2024

Период на добри услови за зимско планинарење на Шар Планина

Период на добри услови за зимско планинарење на Шар Планина
Тетово, 26 јануари 2020 (МИА) - Прилично високите температури за овој период и не многу високата снежна покривка се солидните услови голем број поискусни и добро физички подготвени планинари да се одлучат и овој зимски период да се искачуваат на врвовите на Шар Планина. Претежно се оди кон оние врвови за кои се тргнува од Попова Шапка како појдовна точка како што се Плат, Син Врв, Антени, Лешница, Кади, Бакардан. - Се разбира само најискусните и најподготвените ги правата овие тури со оглед дека станува збор за врвови на над 2500 метри надморска височина. Наш успешен предизвик викендов беше искачувањето на потегот од село Лавце до Орловец. Така искачивме и поминавме две точки со висинска разлика од 1000 метри. Шар Планина дозволува да биде искачена со вакви пријатни услови. Воедно снегот и на пример замрзнатите водопади во месноста Кади се можност за одлична глетка и восхит од природните убавини кои ги бележиме и на нашите фотографии, изјави Снежана Новаковска, претседателка на планинарскиот клуб Тетекс од Тетово. Дел од планинарите се искачуваат дури и на најтешко пристпаните Титов врв, Љуботен и Кобилица. Од февруари почнувата и редовните планинарски искачувања на кои зимската идила ќе може да ја видат и рекреативците.ас/фф/

Остани поврзан