• понеделник, 23 декември 2024

Пентагон: Вооружените сили на САД нема да го напуштат Ирак

Пентагон: Вооружените сили на САД нема да го напуштат Ирак
Вашингтон, 16 јануари 2020 (МИА) - Американските вооружени сили не планираат да го напуштат Ирак, а Вашингтон е во преговори со Багдад за присуството на американската војска во таа земја, изјави портпаролот на Пентагон, Џонатан Хофман. - Вооружените сили на САД немаат намера да ја повлечат војската од Ирак. Ние се уште имаме консултации со Ирак и сакаме да бидеме пријател и партнер на суверен и просперитетен Ирак. Наша желба и цел е моментно да ги задржиме американските сили во регионот и во Ирак, нагласи Хофман. Според него, американските војници дознале за иранскиот ракетен напад врз двете бази во Ирак благодарение на системот за рано откривање, а не од трета страна. - Ние имаме систем за рано откривање, кој се покажа многу ефективен, и благодарение на него нема повредени или загинати војници во тие напади, нагласи Хофман. гт/

Остани поврзан