Пентагон: Укинати безбедносните и сојузните овластувања на генералот Марк Мили
- На пензионираниот американски генерал Марк Мили, кој служеше како претседател на Здружениот Генералштаб во администрациите на американските претседатели Доналд Трамп и Џо Бајден, му беа укинати безбедносното одобрение и федералното овластување или специјалните дозволи за пристап до воените објекти, соопшти Пентагон.
Вашингтон, 29 јануари 2025 (МИА) - На пензионираниот американски генерал Марк Мили, кој служеше како претседател на Здружениот Генералштаб во администрациите на американските претседатели Доналд Трамп и Џо Бајден, му беа укинати безбедносното одобрение и федералното овластување или специјалните дозволи за пристап до воените објекти, соопшти Пентагон.
Новиот министер за одбрана Пит Хегсет „денес го известил генералот Мили“ дека го укинува пристапот до доверливи локации, а исто така ја суспендира својата безбедност, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Улиот за Си-Би-Ес њуз.
Улиот рече дека Хегсет и наредил на Канцеларијата на генералниот инспектор на Министерството за одбрана да „спроведе истрага за фактите и околностите околу однесувањето на генералот Мили, за да може секретарот да утврди дали е соодветно да се преиспита одлуката за ревизија на (неговиот) воен чин“. паг/
Фото: МИА архива