• четврток, 19 декември 2024

Пентагон: САД успешно тестираше хиперсонична ракета

Пентагон: САД успешно тестираше хиперсонична ракета
Вашингтон, 27 септември 2021 (МИА) -  САД успешно тестираа проектил со пет пати поголема брзина од звукот, соопшти владината агенција при Министерството за одбрана на САД, која се занимава со за развој на нови технологии во американската војска (ДАРПА). Ракетата, изградена од корпорацијата „Рејтион“ со мотор „Нортроп Груман“, била лансирана од авион. Ракетниот мотор се напојува со мешавина од јаглеводородно гориво и воздух. „Ракетата беше забрзана со брзина пет пати поголема од брзината на звукот“, додаде Пентагон. Ова е прв успешен тест од ваков вид на американската армија од 2013 година. ссм/

Остани поврзан