Пентагон: Остин сè уште е во болница, ги следи американските воени операции ширум светот
- Американскиот министер за одбрана Лојд Остин се уште е во болница и се чувствува добро, соопшти денеска Пентагон, додавајќи дека тој ги следи американските воени операции ширум светот.

Вашингтон, 13 јануари 2024 (МИА) - Американскиот министер за одбрана Лојд Остин се уште е во болница и се чувствува добро, соопшти денеска Пентагон, додавајќи дека тој ги следи американските воени операции ширум светот.
„Тој е во контакт со својот висок персонал, има целосен пристап до неопходните безбедни средства за комуникација и продолжува да ги следи секојдневните операции на Министерството за одбрана низ светот“, наведе портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер, во соопштение.
Се наведува и дека Пентагон се уште нема прецизен датум за отпустот на Остин. рп/
Фото: МИА архива