• понеделник, 23 декември 2024

Пентагон не планира да повлече американски војници од Ирак

Пентагон не планира да повлече американски војници од Ирак

Вашингтон, 9 јануари 2023 (МИА) - Пентагон во моментот не планира да повлече околу 2.500 американски војници од Ирак, објави портпаролот, генерал Патрик Рајдер и покрај тоа што Багдад минатата недела го објави почетокот на процесот за затворање на мисијата на меѓународната коалиција предводена од САД во земјата.

„Во овој момент, не ми е познато за какви било планови за повлекување. Остануваме фокусирани на мисијата да ја победиме ИД“, наведе Рајдер.

Тој додаде дека припадниците на американската војска се во Ирак на покана на владата на земјата. 

Рајдер, исто така, рече дека не знаел за какво било известување од Багдад до Министерството за одбрана за одлуката за повлекување на американските трупи и ги упати новинарите до американскиот Стејт департмент за какви било дипломатски прашања. паг/

Фото: МИКА архива

Остани поврзан