• вторник, 24 декември 2024

Пентагон и испорача на Украина балистички ракети со долг дострел АТАЦМС

Пентагон и испорача на Украина балистички ракети со долг дострел АТАЦМС

Вашингтон, 25 април 2024 (МИА) - САД испратија нов ракетен систем со долг дострел во Украина, потврди Пентагон. Ова оружје со висока прецизност е дел од итниот воен пакет за Украина што САД го најавија пред шест месеци.

„Претседателот Џо Бајден му наложи на својот тим да испорача ракетни системи со долг дострел откако Русија набави балистички ракети од Северна Кореја и ги употреби против Украина“, соопшти Пентагон.

„Тактичките ракетни системи на војската, познати како АТАЦМС, ќе и помогнат на Украина да им се закани на руските сили во кој било дел од окупираната украинска територија“ се додава во соопштението.

АТАЦМС  е ракетен систем за наведување балистички ракети со долг дострел, со висока прецизност, со дострел од 300 километри, кој може да се лансира од мобилни платформи како што се ракетни лансери ХИМАРС.

„Ќе се погрижам испораките да започнат веднаш. Во следните неколку часа, буквално за неколку часа ќе започнеме да испраќаме опрема за противвоздушна одбрана, артилериска муниција за ракетни системи и оклопни возила во Украина“, рече Бајден во Белата куќа.

Тој нагласи дека обновувањето на залихите на американско оружје на Украина е инвестиција „не само во безбедноста на Украина, туку и во безбедноста на Европа и сопствената безбедност“.

Минатиот октомври Украина распореди ракети АТАЦМС кои беа од САД. Тогаш тоа беа модели со помал домет од околу 165 километри. Украинската влада бара ракети кои можат да погодат многу подалечни цели. паг/

Фото: МИА архива




Остани поврзан