• сабота, 23 ноември 2024

Пенс ќе води емисија на радио

Пенс ќе води емисија на радио
Вашингтон, 5 февруари 2021 (МИА) - Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс објави дека по 22 години се враќа на радио каде ќе води емисија. Емисијата ќе ја води конзервативната младинска организација Фондација млада Америка, формирана 60-тите години од минатиот век, а Пенс ќе биде еден од предавачите во кампусот. - Пенс беше одлучен бранител на индивидуалните слободи, традиционални вредности, слободниот пазар и на ограничените ингеренции на владата во текот на неговото служење на нашата земја. Сега во партнерство со организацијата продолжува да привлекува нови срца за конзервативни цели, изјави поранешниот гувернер на Висконсин, Скот Волкер, кој ја предводи организацијата во Вирџинија. Тој додаде дека енергијата и ентузијазмот на Пенс ќе продолжи да ги инспирира новите генерации за вредностите на поранешниот американски претседател Роналд Реган. Пенс вчера објави дека ќе се придружи на Фондацијата на наследство, друга конзервативна институција. Пенс (61) пред влегувањето во Конгресот пред дваесетина години работеше како радиски новинар, а искуството подоцна го искористи во својата политичка кампања. Портпаролот на Пенс изјави дека поранешниот потпретседател ќе биде фокусиран на конзервативните достигнувања во изминатите четири години, а размислува и за објавување на книга. ми/

Тагови

Остани поврзан