• петок, 15 ноември 2024

Пенс го посети Ѕидот на плачот

Пенс го посети Ѕидот на плачот
Ерусалим, 23 јануари 2020 (МИА) - Потпретседателот на САД Мајк Пенс денеска го посети Ѕидот на плачот во Ерусалим, најсвето молитвено место за Евреите. Пенс беше придружуван од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, американскиот амбасадор во Израел Дејвид Фридман и израелскиот амбасадор во Вашингтон Рон Дермер. По молитвата на главниот рабин на Ѕидот на плачот, носејќи традиционална еврејска капа, според обичаите, Пенс остави порака во пукнатина од ѕидот. Нетанјаху го стори истото подоцна. Тие се сликаа заедно, но не дадоа изјави за новинарите. ссм/

Остани поврзан