• понеделник, 23 декември 2024

Пензионерите кои протестираа за линеарно зголемување на пензиите бараат оставки од актуелното раководство на Здружението на пензионери

Пензионерите кои протестираа за линеарно зголемување на пензиите бараат оставки од актуелното раководство на Здружението на пензионери

Свети Николе, 10 септември 2024 (МИА) - Членови на Иницијативниот одбор (ИО) на пензионерите кои изминатата година протестираат за линеарно зголемување на пензиите по 5.000 денари денеска имаа средба и протест во Свети Николе. Снежана Милевска пензионерка од ИО Ѓорче Петров вели дека и денеска бараат оставка од актуелната претседателка на Здружение на пензионери, ги повикаа институциите да се направи ревизија на работењето на актуелното раководство на Здружението на пензионери.  

Верче Јанчевска, пензионерка, додава дека откако од страна на власта им е ветено зголемување на пензиите, а првото покачување од 2.500 денари треба да се случи со исплатата на септемвриската пензија, следен чекор и барање им е да се донесе нов Закон за пензионерите.

-Одлучивме да направиме нов Закон кој ќе им помогне на пензионерите  да се подобри нивниот живот и ние ќе се движиме постепено и се надеваме дека ќе ни се помогне, изјави Јанчевска. вдј/сст/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан