• вторник, 24 декември 2024

Пендаровски телефонски разговараше со Пич, тема политичките процеси во земјава и регионот

Пендаровски телефонски разговараше со Пич, тема политичките процеси во земјава и регионот

Скопје, 3 февруари 2023 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше телефонски разговор со сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, иформираат од кабинетот на претседателот. 

Двајцата соговорници размениле мислења за актуелните политички процеси во Република Северна Македонија и во поширокиот регион, со особен акцент на дијалогот Белград-Приштина.

Во телефонскиот разговор, како што велат од кабинетот на Пендаровски, биле разменети мислења и информации за актуелните случувања поврзани со руската агресија врз Украина и континуираните напори на НАТО-сојузниците за поддршка на украинските власти и солидарност со украинскиот народ. сст/са/

Остани поврзан