• сабота, 23 ноември 2024

Пендаровски со поддршка за млaдите лекари - секој мора соодветно да биде вреднуван за својот труд

Пендаровски со поддршка за млaдите лекари - секој мора соодветно да биде вреднуван за својот труд

Скопје, 22 март 2024 (МИА) - Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски ги поддржува младите лекари и приватните специјализанти во нивната борба за достоинствени плати, информираат денеска од изборниот тим на Пендаровски, кој е кандидат за уште еден претседателски мандат.

-Фер и правилно е секој да биде соодветно вреднуван за својот труд и знаење а младите лекари не само што не смеат да бидат исклучок, туку треба да бидат предводници на тоа правило. Соодветно платени и обезбедени млади лекари и специјализанти денес, се врвни доктори и медицински лица во иднината, рекол Пендаровски .

Според него, обезбедувањето фер надомест, платени придонеси и достојни услови за учење и работа, се главните предуслови, младите лекари и специјализанти своите кариери да ги продолжат тука, во својата земја. Младите лекари и приватни специјализанти, рекол Пендаровски, мора да го добијат она што го заслужуваат. сст/дма/

фото МИА архива

 

 

 

Остани поврзан