• сабота, 23 ноември 2024

Пендаровски се сретна со специјалниот британски претставник за Западен Балкан Пич

Пендаровски се сретна со специјалниот британски претставник за Западен Балкан Пич

Скопје, 26 октомври 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими специјалниот британски претставник за Западниот Балкан, сер Стјуарт Пич со кога разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, за состојбите во регионот, како и за влијанието на руската инвазија врз Украина по стабилноста и безбедноста на европскиот континент.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот на Републиката, Пендаровски истакна дека Северна Македонија придава особено значење на развојот на билатералните односи со Обединетото Кралство и има постојан интерес за зајакнување на соработката меѓу двете држави во повеќе сфери од заемен интерес.

Пендаровски, како што се наведува во соопштението, се заблагодари за најновата британска донација што вклучува 14 мобилни единици за обука на припадниците на Армијата во урбана средина, што денеска ќе биде примопредадена на полигонот „Криволак“, оценувајќи ја како уште една потврда на силното сојузништво на двете држави - членки на НАТО алијансата.

На средбата беа разменети и мислења во врска со почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија. мд/сп/

Остани поврзан