• вторник, 17 декември 2024

Пендаровски: Нема да го потпишам Законот за игри на среќа, доколку се злоупотребува европското знаменце

Пендаровски: Нема да го потпишам Законот за игри на среќа, доколку се злоупотребува европското знаменце

Скопје, 11 декември 2023 (МИА) - Во вечерашното интервју за емисијата „360 степени“ на Националниот сервис, претседателот Стево Пендаровски даде коментар за Законот за игри на среќа, истакнувајќи дека деновиве до него доаѓаат информации дека наводно во парламентарна процедура е овој закон повторно со европско знаменце.

-Не можам да верувам дека навистина до крај тоа ќе се случи, дека со европско знаменце вие би форсирале закон за кој е јасно уште отсега дека не постои јасна европска директива наспроти сите оние критики кои ги имавме и од САД кои не се членка на Европската Унија, а не пак само од евроамбасадорот тука во Скопје, истакна претседателот Пендаровски.

Тој додаде дека се надева дека Владата и покрај лавината од критики нема да ги турка законите кои нема потреба да бидат туркани со европско знаменце, затоа што според него, треба да има поширока општествена дебата бидејќи многу судбини, кариери, опстанокот на многу наши граѓани е засегнат со конкретниот закон и со некои други закони кои поминуваат во забрзана процедура. нд/ев/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан