Пендаровски изрази сочувство за смртта на кралицата Елизабета Втора
- Претседателот Стево Пендаровски вечерва изрази сочувство за смртта на Кралицата Елизабета Втора.

Скопје, 8 септември 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски вечерва изрази сочувство за смртта на Кралицата Елизабета Втора.
- Изразувам најдлабоко сочувство за смртта на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета II.
Нејзината доживотна определба да му служи на народот, посветеност и лидерство дури и во најтешките мигови, ќе бидат трајна инспирација за новите генерации, напиша Пендаровски на својата официјална Фејсбук страница. нд/