• вторник, 24 декември 2024

Пендаровски за апсњето на новинарот Салиу: Се надевам дека тоа не е знак на враќање на режимот на Груевски

Пендаровски за апсњето на новинарот Салиу: Се надевам дека тоа не е знак на враќање на режимот на Груевски

Скопје, 7 април 2024 (МИА) - Успеав да видам само кратка видео снимка од апсењето на новинарот Салиу, детали за случајот немам. Очекувам и официјалните органи и МВР да кажат и да ја чуеме и другата страна, на новинарот. Но, кога ја видов снимката на која специјалци апсат новинар и тоа повеќемина врз еден, ме врати на старите мрачни времиња на Груевски, кога новинари заглавуваа во затвор и беа тепани и замолкнувани, рече актуелниот претседател и претсаедателски кандидат Стево Пендаровски на граѓанска трибина во Охрид одговарајќи на прашања од граѓаните.

Тој додаде дека се надева оти тоа не е знак како тие луѓе би владееле ако добијат шанса, бидејќи, како што кажа, граѓаните се изгорени од тоа.

-Можеби грешам, се извинувам, не ја знам реалната ситуација, но од видеото, 4-5 специјалци фрлени врз новинар, ми е малку симптоматично, рече Пендаровски.

Претседателот додаде дека за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ имаше случаи кога новинари лежеа во затвор и за напишан збор и, како што кажа, не би сакал ова да е лош знак дека ако се врати ВМРО-ДПМНЕ на власт така ќе постапуваат со медиумите. нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан