• вторник, 24 декември 2024

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Скопје, 28 март 2024 (МИА) - Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска ги примил акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград, соопштија од Кабинетот на претседателот.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, Пендаровски изразил уверување дека врз основа на принципите за демократско владеење, владеење на правото и почитување на фундаменталните права и слободи, во иднина ќе се создадат можности за развој на односите и соработката меѓу двете држави во домените каде што тоа е возможно.

- Амбасадорот Сергеј Малиновски во своето обраќање истакна дека Белорусија очекува трговска соработка со Северна Македонија, како и соработка за други прашања на билатерален и мултилатерален план, се додава во соопштението. цр/бак/

Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан