• петок, 27 декември 2024

Пендаровски во Њујорк на работна средба со Борел и лидерите од регионот

Пендаровски во Њујорк на работна средба со Борел и лидерите од регионот

Скопје, 20 септември 2023 (МИА) - Претседателот на државата Стево Пендаровски во рамки на 78. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк, вчера попладне присуствуваше на средба која за лидерите на земјите од Западен Балкан ја организираше потпретседателот на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел.

На средбата се разговараше за актуелните состојби и европските перспективи на земјите од Западен Балкан, за реформските процеси коишто се одвиваат, како и за политичките и економските текови во регионот во контекст на геополитичките случувања.

Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, во разговорите беше укажана неопходноста од брза реализација на стратешките одлуки во однос на политиката на проширување и интегрирање на Западниот Балкан во Европската Унија во интерес на безбедноста, стабилноста и напредокот на регионот и истовремено одржување на кредибилитетот на ЕУ.

Воедно, соговорниците разменија информации и околу мерките и активностите што се преземаат во рамки на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како одговор на руската воена инвазија врз Украина. мч/аа/

фото: Кабинет на Претседателот

Остани поврзан