• вторник, 24 декември 2024

Пендаровски: Во правна смисла завршена е работата за одлуките за вонредната состојба

Пендаровски: Во правна смисла завршена  е работата за одлуките за вонредната состојба
Скопје, 14 октомври 2020 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски, во однос на потврдувањето на неговите одлуки за прогласување вонредна состојба од страна на Собранието, вели дека Уставот го пропишува тоа. Во правна смила, вели, тоа е завршена работа. -Јас морав да ги испратам, така вели Уставот. Штом Собранието е во можност да се состане, претседателот ги испраќа тие вонредни состојби. Според толкувањето на релевантни правници, практично нема никаква потреба бидејќи вонредната состојба не трае и понатаму. Нивното толкување е дека ако трае и понатаму, а Собранието ја презема таа работа во свои раце, тогаш би требало да ги потврди и претходниве. Во правна смисла тоа е завршена работа, тоа е работа на Собранието, а моја обврска беше да ги пратам, рече Пендаровски во гостување во емисијата Топ тема. Шефот на државата потсети дека опозицијата прва ја побара првата вонредна состојба и додаде оти не ги знае нивните политички мотиви за да не гласаат за тоа. Појасни дека сега од нив не се бара да потврдуваат уредби со законска сила што ги носела владата во вонредна состојба, туку само одлуките да има воопшто вонредна состојба. За одржувањето онлајн седници на Собранието, делумно или целосно, претседателот Пендаровски вели дека според некои ќе има потреба од измена на Деловникот. - Но, во делот на мнозинството, тоа е мнозинството. И со 62-ца истата владина коалиција владееше четири години, рече Пендаровски. мд/лв/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан