• понеделник, 23 декември 2024

Пендаровски во посета на Валандово во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“

Пендаровски во посета на Валандово во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“

Скопје, 29 март 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети Општина Валандово во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“.

За време на посетата, претседателот Пендаровски во село Удово разговараше со локални земјоделци и сточари, кои му ги пренесоа предизвиците од нивната работа, размислувањата за можностите за унапредување на производството и обезбедувањето на пласманот на производите, информираат од неговиот Кабинет.

- Во Валандово, претседателот Пендаровски се сретна со Марио Томов, креатор на апликацијата Селектирај Отпад. Станува збор за иновативен начин на третирање на отпадот преку едноставно користење на апликацијата. Проектот има за цел да го промени начинот на собирање на отпад и да го унапреди квалитетот на животната средина, а воедно и нуди можност за личен паричен бенефит за граѓаните од нивното учество. Услугата засега е достапна во Валандово и во делови од Скопје. Томов ги претстави неговите планови за зголемување на бројот на корисници во општините во Скопје и во државата. Претседателот Пендаровски истакна дека апликацијата е добар пример што треба да се следи и во другите општини, информираат од Кабинетот на Претседателот.

Преку „Лице в лице со Претседателот“, шефот на државата остварува неформални средби со граѓаните коишто на различен начин придонесуваат во локалната заедница и во општеството во целост. Целта на проектот е ваквите поединци да станат повидливи, истакнувајќи го нивниот труд и несебичен влог во работата. ир/сп/

Остани поврзан