• среда, 27 ноември 2024

Пендаровски: Воведување на полициски час е оправдано, се потпираме на она што го предлагаат експертите

Пендаровски: Воведување на полициски час е оправдано, се потпираме на она што го предлагаат експертите
Скопје, 11 март 2021 (МИА) - Претседателот на држава Стево Пендаровски смета дека има целосна логика во воведување на полицискиот час од 22 до 5 часот, бидејќи како што рече, тоа е на предлог на експертите. Тој испрати апел до сите граѓани да ги почитуваат мерките. - Апелирам до целото граѓанство да ги слушаме оние кои се експерти во областа. Конкретно за последнава мерка за полицискиот час, мислам дека прилично релевантно е размислувањето на професорот Даниловски, кој објаснува зошто е од 22 до 5. Рестораните работат до 21 часот, и подоцна младите да не се собираат надвор бидејќи малку кој ќе легне да спие до 21 часот, рече Пендаровски во емисијата „Клик плус“ на ТВ21. Според претседателот, доколку некој мисли дека министерот за зравство или премиерот или претседателот диктира дали ќе има полициски час во државата или не, се лаже. -Можеби некој пат некоја мерка предложена од Комисијата или е редуцирана според опфатот или времетраењето, но тоа што тие го предлагаат политичкиот фактор до сега без резерва, ако тие таму се собрале, тоа не се политички личности, зборувам за јадрото на Комисијата која има над 20 члена во кои има и директори и експерти кои се признати и познати и немаат партиска припадност. Гарантирам дека ако тие велат дека има логика ова да се направи, мислам дека треба да се следи тоа, додаде Пендаровски. Тој потсети дека на 17 март минатата година, потпишал за прва вонредна состојба. Сепак, за воведување на прв полициски час сметал дека се оди предалеку. -Неколку дена пред тоа пред да воведеме полициски час јас на прес-конференција во кабинетот пред сите новинари кога ме прашуваа за полициски час реков: Не би сакал да одам толку далеку. Но моравме да го воведеме, додаде шефот на државата. Сепак, смета дека воведување на полициски час сега е оправдано. Се потпираат на она што експертите го предлагаат. -Мислам дека е оправдано, се потпираме на она што експертите го предлагаат, еве да видиме сега се ова што го кажувам не е дека ги правдам Венко или Заев или себе. Каде што има одоворност, ќе барам. Година дена откако почна пандемијата прилично добро стоечки европските држави како што се Чешка и Словачка побогати од нас, далеку поорганизирани членки на ЕУ и НАТО „извезуваат“ пациенти во другите земји членки. Многу тешко светот излегува на крај со оваа пандемија, рече претседателот. Според Пендаровски, легитимно е граѓаните и опозицијата да бараат оставки, се разбира како што рече, нема бегање од тие дебати. Но, додаде, вирусот и ден денеска е победник во однос на светот.бт/са/

Остани поврзан