• среда, 27 ноември 2024

Пендаровски: Армијата останува подготвена да интервенира каде било на територија на државата

Пендаровски: Армијата останува подготвена да интервенира каде било на територија на државата
Скопје, 3 август 2021 (МИА) - Претседателот на државата Стево Пендаровски честитајќи им на припадниците на Армијата, на противпожарните единици од Кочани и сите институции кои синоќа во Кочани се справуваа со огнената стихија, денеска на својот фејсбук профил напиша дека Армијата останува подготвена да интервенира каде било на територија на државата.
- Им честитам на припадниците на Армијата, на противпожарните единици од Кочани и сите институции кои синоќа во Кочани се справуваа со огнената стихија. Кочанчани активно се вклучија во гасењето и во помагањето на единиците на терен и помогнаа да се избегне далеку пострашно сценарио. Во наредниот период ќе се следи интензивно состојбата со цел да се превенираат идни пожари. Армијата согласно со вчерашната наредба за прогласување тревога на целокупниот состав останува подготвена да интервенира било каде на територија на државата, напиша претседателот Пендаровски на Фејсбук. дма/сп/

Тагови

Остани поврзан