• вторник, 24 декември 2024

Пелоси: Некои конгресмени би можеле да бидат кривично гонети

Пелоси: Некои конгресмени би можеле да бидат кривично гонети
Вашингтон, 16 јануари 2021 (МИА) - Претседателката на претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси изјави дека одредени членови на Конгресот би можеле да се соочат со кривично гонење ако се утврди дека помагале или го поддржувале упадот на Капитол хил. Таа истакна дека сака правда и оти ќе биде истражено дали некои членови на Конгресот се поврзани со нападот од 6 јануари, при што загинаа пет лица. - Ако се утврди дека членови на Конгресот биле соучесници во овој бунт, ако помагале или поддржувале злосторство, можеби ќе мора да се преземе акција надвор од Конгресот во смисла на кривично гонење, истакна Пелоси. Нејзината изјава откако членка на Конгресот од демократска партија Мајки Шерил пред неколку дена изјави дека видела неколку колеги како водат „извидувачки групи“ во обиколка на Конгресот, еден ден пред нападот. Повеќе од 30 демократски конгресмени потпишаа писмо во кое бараат повеќе информации за посетите на Капитол на 5 јануари. Пелоси наведе и дека ќе биде извршена ревизија на безбедноста на Конгресот. ми/

Остани поврзан