• вторник, 24 декември 2024

Пекинг соопшти дека е подготвен за дијалог со Манила

Пекинг соопшти дека е подготвен за дијалог со Манила

Пекинг, 19 декември 2023 (МИА) - Кина е подготвена за дијалог со Филипините, соопшти Министерството за надворешни работи во Пекинг.

„Филипините се виновни за најновиот развој на ситуацијата во Јужното Кинеско Море, но односите меѓу двете земји не се сведуваат само на спорови“, нагласи Министерството како одговор на коментарот на филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Џуниор за билатералните врски.

Шефот на државата истакна дека е потребна „промена на парадигмата“ во начинот на кој неговата земја пристапи кон прашањето на Јужното Кинеско Море, бидејќи дипломатските напори со Пекинг одат „во лоша насока“. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан