• среда, 25 декември 2024

Пекинг Гуан го промовираше Адеми за ново засилување

Пекинг Гуан го промовираше Адеми за ново засилување

Пекинг, 30 март 2023 (МИА) – Кинескиот фудбалски прволигаш Пекинг Гуан денеска официјално го претстави македонскиот репрезентативец Аријан Адеми како еден од своите осум нови фудбалери за новата сезона.

Адеми (31) се пресели во Кина од редовите на Динамо Загреб, чиј дрес го носеше од 2010 година и стекна култен статус во актуелниот хрватски првак.

Кинескиот клуб соопшти дека Адеми во новата сезона ќе го носи дресот со бројот 45.

Адеми, кој има 28 настапи за македонската репрезентација, потпиша тригодишен договор со Пекинг Гуан.

Новата сезона во кинеската Суперлига ќе стартува на 15 април. ег/ар

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан