• петок, 08 ноември 2024

Пекинг го повика Вашингтон да одигра „конструктивна улога“ на Блиски Исток

Пекинг го повика Вашингтон да одигра „конструктивна улога“ на Блиски Исток

Пекинг, 12 април 2024 (МИА) – Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји во вчерашниот телефонски разговор со американскиот колега Ентони Блинкен побара САД да имаат „конструктивна улога“ на Блискиот Исток.

Портпаролката на кинеското МНР, Мао Нинг истакна дека Ванг „изрази силната осуда за нападот врз Конзулатот на Иран во Сирија, нагласувајќи дека безбедноста на дипломатските институции е неприкосновена и мора да се почитува суверенитетот на Иран и на Сирија“.

- Кина ќе продолжи да игра конструктивна улога во блискоисточното прашање и ќе продолжи да придонесува за смирување на ситуацијата. Американската страна, особено, треба да игра конструктивна улога, нагласи Мао.

Кина постојано повикува на прекин на огнот во Појасот Газа за да се обезбеди безбедност на цивилите.

Оваа ескалација на непријателствата е уште една манифестација на разорното влијание на конфликтот во Газа. Императив е да се стави крај на конфликтот во Газа што е можно поскоро, наведе Мао. ми/

фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан