• понеделник, 23 декември 2024

Пекевски: Привршува изградбата на нови тротоари на улица ,,Зоран Бубевски" во Берово

Пекевски: Привршува изградбата на нови тротоари на улица ,,Зоран Бубевски

Берово, 18 јуни 2024 (МИА) - Привршуваат градежните активности за изградба на тротоари на улицата „Зоран Бубевски” во Берово. Градежните работи, како што информира градоначалникот на Општината, Звонко Пекевски, се реализираат во должина од околу 680 метри. 

- Се работи за градежни активностите кои опфаќаат спој со веќе постоечки тротоар,  до спој со тротоар на ул. „Маршал Тито”. Поплочен е тротоарот со бехатон плочки, на претходна подлога и поставен тампонски слој. Ширина на тротоарот е променлива од 1,5 метри до 2,0 метри. Улицата е една од најпрометните улици во градот, која што е често користена за пристигнување до туристичките населби ,,Абланица” и ,,Беровско Езеро”, истакна Пекевски.

Подобрувањето на инфраструктурата, додаде, значително ќе влијае на подобрувањето на безбедноста и сигурноста на учесниците во сообраќајот, а особено на пешаците, кои често пешачат во овој дел од градот Берово.

За  изградба на тротоари на ул.,,Зоран Бубевски”, ќе бидат исплатени средства, во износ од 1,5 милиони денари.

Пекевски информира дека од овие средства, 80 проценти се обезбедени од Министерство за локална самоуправа, преку Биро за регионален развој. а 20 проценти ќе бидат исплатени од Буџетот на Општина Берово за 2024 година. 

Градежните активности очекува да завршат до крајот на оваа недела. вс/цр


Фото: МИА

Остани поврзан