• петок, 05 декември 2025

Пекевски: Општина Берово ја заврши годинава без долгови

Пекевски: Општина Берово ја заврши годинава без долгови

Берово, 4 септември 2025 (МИА) – Општина Берово денес е целосно без долгови и кредити, соопшти локалната самоуправа. Од состојба со долг од околу 44 милиони денари и блокирана општинска каса, општината успеала да ги подмири сите обврски и да воспостави финансиска стабилност.

Според соопштението, сите тековни проекти и изведени градежни активности се навремено исплатени, а за планираните инвестиции до крајот на годината и за 2025 година обезбедени се средства во буџетот.

-Од блокирана и задолжена, Општина Берово ја воспостави финансиската дисциплина и планирањето на проекти по приоритети“, се наведува во соопштението.

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, истакна дека постигнатата финансиска стабилност е резултат на дисциплинирано и транспарентно работење на целата локална самоуправа.

-Продолжуваме да вложуваме во развојни проекти и услуги за граѓаните, со цел Берово да биде општина со функционална инфраструктура и стабилен буџет, во интерес на сите жители“, изјави Пекевски.

Општината најавува дека ќе продолжи со реализација на планираните проекти и дека ќе одржува транспарентно работење, со цел граѓаните да бидат редовно информирани за буџетските активности и инвестициите. вс/аа/


Фото: Општина Берово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан