• сабота, 27 јули 2024

Педофил бил жив запален од граѓани во Мексико

Педофил бил жив запален од граѓани во Мексико
Мексико Сити, 11 јануари 2020 (МИА) - Маж обвинет дека силувал и убил шестгодишно девојче бил жив запален во местото Какахоатан во јужниот дел на Мексико, соопштија властите во сојузната држава Чиапас. Група граѓани го фатиле Алфред Роблеро и го обвиниле за силување и убиство на дете, чие исчезнување е пријавено вчера од страна на семејството. Обвинителството соопшти дека Роблеро е претепан, врзан за дрвена конструкција. полиен со бензин и потоа запален. Полицијата не успеала да му го спаси животот. Обвинителството предупреди дека нема да дозволи граѓаните да ја земаат правдата во свои раце и ќе покрене истрага за линчувањето. Мексико е земја се најголем број извршени кривични дела во светот. Од декември 2006 година, кога почна офанзивата на федералните власти против нарко картелите, регистрирани се повеќе од 250.000 убиства. гт/

Остани поврзан