• сабота, 23 ноември 2024

Педесет санкции за прекршоци на мотоциклисти во Кавадарци

Педесет санкции за прекршоци на мотоциклисти во Кавадарци
Кавадарци, 3 јуни 2021 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Кавадарци денеска спроведоа акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават мотоциклистите при што се казнети  50 мотоциклисти, а 12 мотоцикли се задржани во полициска станица согласно чл. 344 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Од МВР најавуваат дека засилените контроли во сообраќајот продолжуваат и во наредните денови и апелираат учесниците во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите за, како што велат, заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. свд/вј/

Остани поврзан